wordpress counter

„Витаминка“ со 5 нови производи

Прилепскиот прехранбен гигант „Витаминка“, во изминaтиве два месеци лансираше дури 5 нови производи. Линијата на брендот „Цевитана“ сега е надополнета со уште два нови вкуса: ананас и валенсија портокал. Станува збор за витамински инстант пијалаци кои содржат 9 витамини кои се неопходни за секој организам.

Покрај „Цевитана“, отсега на пазарот може да уживаме и во кексите со овошно желе од малина или вишна. Станува збор за десерт од мек бисквит и овошно желе, прелиен со квалитетно млечно чоколадо. Петтиот производ е интегрален кекс со овесни снегулки, кој е богат со диететски влакна и е прелиен со темно чоколадо.

Покрај тоа, од „Витаминка“ најавија дека ќе вложат 2.5 милиони евра во нов погон за производство на чоколадо. Погонот ќе започне со работа следната година, а капацитетот ќе биде зголемен од 200 на 500 килограми чоколадо на час.

Related Posts with Thumbnails