wordpress counter

10 најчитани статии во 2010-та

1. Чоколадни коцки
http://gurman.mk/7sp
Нашата убедливо најчитана статија оваа година е посветена на две омилени гастрономски категории: десерт и чоколадо. Чоколадните коцки се десерт кој никој нема да го одбие.

2. Топло-ладен колач
http://gurman.mk/9yp
Топло-ладниот колач е рецепт кој ни дојде од вас, редовните читатели. За само месец и половина се најде на второто место на најчитани текстови оваа година. Тоа доволно зборува за популарноста на овој десерт. И благодариме на Марија Зафировска.

3. Вечера за 15 минути
http://gurman.mk/9gk
Рецепт кој е посветен на сите оние кои немаат време, а сакаат убаво да се хранат. Популарноста на статијата зборува дека многу често немаме време за да подготвиме специјалитети.

4. Лондонери
http://gurman.mk/80o
Уште еден од рецептите испратени од нашите читатели. И трет десерт кои се пласира во првите четири најчитани статии. Вкусен колач кој лесно се приготвува.

5. Сѐ што не знаевте за пуканките
http://gurman.mk/827
Пуканките ја комплетираат првата петорка. Тие се нешто без кои тешко може да помине гледање филм или телевизиска серија. И уште ако сте ја симнале од интернет цела сезона, тогаш пуканките се сигурно покрај вас.

6. Пилешко месо со лимета
http://gurman.mk/8m2
На 6-тото место се најде првиот рецепт кој не вклучува десерт. Станува збор за пилешко месо со лимета. Проверено вкусен специјалитет.

7. Kорисни трикови за вашето здравје (1 дел)
http://gurman.mk/8oh
Здравјето како категорија нѐ интересира сите подеднакво. А, со оглед дека храната има голем удел во зачувување на здравјето, воопшто не нѐ чуди што оваа статија се наоѓа помеѓу првите десет.

8. Храна која не смее да се меша
http://gurman.mk/a22
Следи уште една статија која предлага совети за кои типови на храна не смеат да се мешаат. Ако ги следите овие совети, тогаш ќе се спасите од многу здравствени тегоби.

9. За секој хороскопски знак – посебно кафе (1 дел)
http://gurman.mk/837
Статијата на деветто место е посветена на еден од нашите омилени пијалаци – кафето. И тоа разгледано низ призмата на хороскопските знаци и нивното влијание врз тоа какво кафе сакаме.

10. Колач: Медено срце
http://gurman.mk/a1m
И, на десетто место, се наоѓа повторно рецепт. И повторно десерт. Колач кој на сите ни е добро познат – Медено срце. Сега, со помош на Гурман™ можете да ги направите и дома.

Related Posts with Thumbnails