wordpress counter

Ако е кечап, мора да е „Heinz“

Хајнц лансираше нова рекламна кампања, вредна преку 2.5 милиони евра, за неговиот светски познат кечап. Кампањата ги потсетува купувачите дека кога станува збор за кечап – тоа мора да е Хајнц.

Низ целата реклама, која ќе оди во текот на следните 4 недели и во текот на август, единствената работа која недостасува е шишето со кечап. Имено, ТВ рекламата прикажува различни луѓе од различни генерации кои тапкаат, стискаат и стружат невидлив сос од исто така невидливо шише врз различни деликатесни јадења.

Рекламата е така направена што укажува дека овој продукт е буквално незаменлив, па и не мора да го видите за да знаете што е. Кога е време за јадење, тогаш тој е вашиот најдобар пријател. Надополнето со одлична музика и певлива песна, навистина е вкусен ТВ производ.

На маркетинг менаџерот Мајк Доерти познато му е дека во време на криза луѓето гледаат да заштедат повеќе, но смета дека купувачите не се откажуваат од својот омилен производ со кого растеле. Носталгијата по старите времиња е навистина чудна работа.


Related Posts with Thumbnails