wordpress counter

Актерот Чанинг Тејтум отвори бар

Еден од најпоскауваните млади актери на денешницата, Чанинг Тејтум, отвори бар во Њу Орлеанс. Барот се вика „Saints & Sinners“, а на свеченото отворање Тејтум се појави со неговата сопруга, актерката и танчерка, Џена Дуан.

Набргу им се придружија и Џејсон Статам и неговата прекрасна девојка, актерката Роузи Хантингтон-Витли. Тејтум, видно расположен, за медиумите изјави: „Луѓето доаѓаат во Њу Орлеанс со малку пари и тие имаат само една желба – да си поминат супер, со малку пари. Јас сакам да им го овозможам тоа.“

Инаку, 32-годишниот Тејтум, покрај во угостителските, одлично се снаоѓа и во актерските води. Познат е по своите улоги во „Dear John“ и „The Vow“, а претходно имал и успешна кариера како модел. Останува да видиме дали толкав успех ќе има и во угостителските води.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Видео: Како да отворите шише вино без отворач?

Виното е чест придружник на домашните ручеци или забави. Но, веројатно секому од нас му се случило во моментот да...

Close