wordpress counter

Алкохолот и калориите

<img style=”margin: 5px 10px;” title=”АЛКОХОЛ И КАЛОРИИ” src=”http://gurman.mk/wp/wp-content/uploads/2009/05/alkoholkalorii.jpg” alt=”АЛКОХОЛ И КАЛОРИИ” width=”300″ height=”200″ />Според податоците кои ги објави францускиот дневен весник „Фигаро”, литар црно вино има 568 калории, шише шампањ 681, а литар виски ни повеќе ни помалку туку цели 2.272 калории.

Како дополнување на овие факти, направено е истражување на 2000 лица и дојдено е до едно навистина интересно откритие. Имено, 40% од луѓето немаат поим дека алкохолот може да ги здебели. Се смета дека во просек 4-6% од внесувањето на енергија во организмот на човекот доаѓа од алкохолните пијалаци.

Иако вишокот килограми е една од помалку опасните последици од консумирањето на алкохол, сепак денес во време на постмодерно општество кое на пиедесталот го стави физичкиот изглед на поединецот, не е безначајно како овие пијалаци делуваат на нашата става.

Покрај зголемената телесна тежина, алкохолот негативно делува и на метаболизмот, го зголемува нивото на триглицериди и ја ослабува реакцијата на организмот на инсулин. Тоа, сепак, не значи дека убав оброк не треба да биде залиен со чашка или две алкохол. Сигурни сме дека на никого нема да му пречи. <span style=”color: #ff0000;”>●</span>

Related Posts with Thumbnails