wordpress counter

„All star“ натпревар на готвачи

Португалскиот готвач Нуњо Мендез ги собира светските готвачи во својот ресторан „Viajante“ во Лондон. Секоја вечер, во периодот од 25-ти април до 1-ви мај годинава, еден готвач ќе биде домаќин во неговиот ресторан кој поседува „Мишлен“ ѕвездичка.

Мендез се надева дека ќе успее да ги стави на маса сите контрасти на готвењето, со оглед дека секој од шестте говачи има различна биографија, влијание и стил. Помеѓу реномираните готвачи ќе се најдат Гастон Акурио од Перу и Андре Чанг од Сингапур, кои поседуваат ресторани кои се наоѓаат на списокот на најдобри ресторани во светот.

Освен овие двајца, ќе може да се ужива во специјалитети и на Кобе Десрамолтс од Белгија, Енеко Ача од Шпанија, Расмус Кофоед од Данска и Хозе Авиљез од Португалија.

Доколку се најдете во Лондон можете да го посетите овој гастрономски настан. Во продолжение следува програмата:

● 25.04 Хозе Авиљес (Португалија), ресторан „Belcanto“

● 26.04 Енеко Ача (Шпанија), ресторан „Azurmendi“

● 27.04 Кобе Десрамолтс (Белгија), ресторан „In De Wulf“

● 28.04 Гастон Акурио (Перу), ресторан „Astrid y Gaston“

● 30.04 Расмус Кофоед (Данска), ресторан „Geranium“

● 01.05 Андре Чанг (Сингапур), ресторан „Restaurant Andre“

Related Posts with Thumbnails