wordpress counter

Ана Угарковиќ отвори ресторан во Загреб

Пред речиси три месеци, Ана Угарковиќ (веројатно најпознатата Хрватка кај нас, поради емисијата за готвење „Кај Ана“) отвори сопствен ресторан во Загреб. Се вика „Мали бар“ и како што самата истакнува не станува збор за класичен ресторан, туку за пријатно место за дружење во кое ќе можете нешто да каснете со чаша добро вино.

Интересно е дека нејзиниот „Мали бар“ е во склоп на винскиот бар на Рене Бакаловиќ (познат по фантастичната емисија „Jelovnici izgubljenog vremena“ на Хрватската радио телевизија) и пица ресторанот „Каријоле“. На тој начин, направен е гастро комплекс во кој во исто време може да уживате во три различни типови храна и многу квалитетно вино.

Храната се менува од ден во ден во зависност од тоа што може да се набави свежо на пазарите. Интересно е дека навечер се собираат друштва кои нарачуваат разни видови храна и можете да дегустирате од сите. Еден вид заедничка шведска маса на луѓе кои не се познаваат.

Ако ви се допадна овој концепт и планирате да го посетите Загреб, тогаш улица Влашка број 63 нека ви биде на мапата.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Неколку совети како да јадете здраво на работа

Претпоставуваме дека работниот ден може да ви биде напорен, стресен и со многу обврски. Секако, без оглед на обврските, мора...

Close