wordpress counter

„Армани“ бутик за чоколадо

АРМАНИ БУТИК ЗА ЧОКОЛАДО

Во срцето на Њујорк, на Петтата Авенија, познатиот италијански креатор отвори нова продавница. И ништо не би било необично, ако не беше третиот кат на продавницата симпатично и слатко наречен: бутик за чоколадо.

Во стил префинет и својствен само за сињоре Армани, овој бутик нуди чудесни чоколади, други фини преработки од чоколадо, бонбони и сето тоа совршено спакувано. На пример, мали ташнички со чоколадни јајца (токму за Велигден), направени од темно и млечно чоколадо, кои се продаваат по цена од 700 денари за 100 гр. Производите кои се прават исклучиво во Фиренца, вклучуваат и вешто полнети бонбони, торбички со бадеми облиени со пралине или чоколадни дражеи.

За крај, Армани не би бил Армани ако со секој купен производ не ви додели и мал подарок, како што е приврзок или етикета за вашиот багаж. Не е многу, но сепак осмислено и подарено со стил. Впрочем како што и се очекува од него.

Related Posts with Thumbnails