wordpress counter

Автомати со овошје и зеленчук

Првите авто­мати со здрава алтер­на­тива се поја­вија на Уни­вер­зи­те­тот Нотр Дам, а овош­јето и зелен­чу­кот за целиот сту­дент­ски кампус го обез­беди Дел Монте Фудс. Оваа компа­нија е позната по про­и­зводи за здраво живе­ење и на овој начин насто­јува да ѝ кон­ку­рира на воо­би­ча­е­ната понуда од солени и слатки грицки и гази­рани пијалаци.

Сите про­дукти се посебно паку­вани, за да се спречи оште­ту­вање и раси­пу­вање на овош­јето и зелен­чу­кот. Во пону­дата може да се нај­дат банани, ана­нас, пар­ченца јабо­лка, гро­зје, мор­кови, целер и домати. Со некои од овие про­дукти може да се добие и ниско­ка­ло­ри­чен сос.

Со посто­ја­ниот пораст на дебе­ли­ната и кај децата и кај возра­сните, ова е чекор кој нави­стина заслу­жува под­др­шка и се наде­ваме дека ќе се про­шири и ќе добие на попу­лар­ност.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ