wordpress counter

Автомати за багет лепчиња

Еден генијален пекар изнашол начин како неговите потрошувачи да имаат секогаш на располагање свежо француско лепче. Имено, Жан Хехт направил автомат за багет леб кој работи на ситни пари и ги поставил пред неговите пекарници во Париз и во уште еден помал град на северот на Франција.

Парчињата леб се полуприготвени и се внатре во малата печка. Кога ќе нарачате, се затоплуваат и допекуваат и потоа добивате свеж багет. Хехт, за британскиот „Телеграф“ изјави дека овие автомати се пекарници на иднината. Според него, доколку другите пекарници одбијат да влезат во системот, ќе мора да се соочат со сериозни последици по своето работење.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=XpWZk3ucWrw[/youtube]

Кога првата автомат пекарница беше отворена во јануари, се продале 1.600 парчиња багет. Минатиот месец таа бројка се искачи на преку 4.500 багет лепчиња. Останува да видиме дали овој концепт ќе успее или на купувачите ќе им остане како поубаво искуство влегувањето во пекарница и директно одбирање на лебот и комуникација со персоналот.

Related Posts with Thumbnails