wordpress counter

„Бадвајзер“ против Дензел Вашингтон

Во новиот филм „Flight“, Дензел Вашингтон игра пилот кој пие премногу. Но, неговото портретирање на пилот алкохоличар не ѝ се допадна на пиварницата „Anheuser-Busch“.

Имено, компанијата побарала од „Paramount Pictures Corp.“ да го отстрани логото на пивото „Бадвајзер“ од филмот. Особено од сцената каде се гледа дека тој го пие пивото додека управува со авион. Покрај пиво, тој пие и вотка, а американскиот увозник на „Столичнаја“ исто така се побунил против појавувањето на таа вотка во филмот кој веќе заработи 25 милиони во првиот викенд од прикажувањето.

Роб Мекарти, потпретседател на „Бадвајзер“, изјави: „Не сакаме погрешно да се разбере нашиот бренд. Ние секогаш сме промовирале одговорно пиење и советуваме да не се вози додека се пие. Побараваме од студиото да се замаскира логото во дигиталните копии на филмот и во сите наредни негови адаптации.“

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Книга: „Celebrate: a Year of Festivities for Families and Friends“

„Celebrate: a Year of Festivities for Families and Friends“ Автор: Пипа Мидлтон Ова е прва книга на Пипа Мидлтон, сестра...

Close