wordpress counter

Балансирана сол – нов производ на „Алкалоид“

Балансирана сол е новиот производ на македонскиот гигант „Алкалоид“. Во „Балансирана сол“ натриум хлоридот е застапен со 60%, а останатиот дел го сочинуваат соли на калиум, магнезиум и калциум. Поради ова, значајно се намалува внесувањето на натриум во организмот, што придонесува да се спречи зголемувањето на крвниот притисок.

Калиумот помага во елиминација на натриумот преку бубрезите. Калциумот учествува во регулација на срцевата работа и крвниот притисок и е одговорен за здрави и цврсти коски и заби. Магнезиумот е минерал кој влијае на регулацијата на фунцкијата на мускулите и нервите и обезбедува стабилен ритам на срцето, како и нивото на шеќер во крвта.

Со користење на „Балансирана сол“ можете да ги подготвувате јадењата по ваш вкус, без притоа да се грижите за прекумерно внесената сол во органзимот. Овој производ има речиси идентичен вкус како и прехранбената сол, која содржи само натриум хлорид. Едноставно, оваа сол на „Алкалоид“ може да стане најдобра пријателка на нашето здравје.

Related Posts with Thumbnails