wordpress counter

Белградско царство на вкусовите

БЕЛГРАДСКО ЦАРСТВО НА ВКУСОВИТЕВо една мала работилница близу до Ботаничката градина во Белград, веќе седум години една мала група на виртуози со чоколадо подготвува уметнички дела од ова најпопуларно слатко на светот. Сите се изработени рачно, од суровина која се увезува од едно од светските царства на чоколадото – Белгија.

Најпопуларен нивен производ е пралине, а добро се продаваат и кранчита (црно и бело чоколадо, нугат и кранч), како и нови вкусови со ѓумбир, чили, роза, бибер или лаванда. За да бидат во тек со светските трендови, Адора прави пралине со злато (парченце злато од 24 карати кое може да се јаде). Сите се со иста цена од 3.900 динари (2.500 денари) за килограм.

Потврда за квалитетот на овој производ е тоа што и претседателот на Србија им подарува на сите свои високи гости од овие слатки производи. Неодамна и американскиот потпретседател имаше можнос да се насладува од најдоброто српско чоколадо.

На нас останува да не заборавиме кога ќе го посетиме Белград да поминеме во Адора и да се насладуваме на пралинето шетајќи се по Ботаничката градина.

Related Posts with Thumbnails