wordpress counter

Бело виски

За првпат по прохибицијата на алкохолот во САД во текот на минатиот век, „Џек Даниелс“ ќе понуди таканаречено бело виски. Станува збор за безбоен алкохол кој се приготвува од ‘рж и не поминува низ процес на одлежување. Во продажба треба да се појави на почетокот на следната година.

Според Џеф Арнет, шеф на производство, ова виски е зачинето, природно и комплексно. Се слушаат најави и дека „Џек Даниелс“ подготува производство на одлежано виски од ‘рж. Ова виски е комбинација од 70% ‘рж, 18% пченка и 12% јачменов слад.

Според познавачите и оние кои веќе го вкусиле, пијалакот има овошни ноти – банана, малина, цреша. ‘Ржот доаѓа до израз малку подоцна, а тогаш ќе го почувствувате и сувиот дел од пијалакот. Финишот е мек и мазен, со пријатно чувство на топлина и сосема доволно количество на алкохол.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Месо од мисирка во сос од бело вино

Верувале или не, ова е италијанско јадење. Станува збор за специјалитет од јужните делови на Италија, кој е навистина вкусен....

Close