wordpress counter

Безглутенско пиво и во Македонија

Безглутенското пиво е наменето за сите оние кои боледуваат од целијакија и се нетолерантни на глутен. Секако, не е забрането да го пијат и сите други. Станува збор за пивото „Mongozo Premium Pilsner“ од холандскиот производител „Mongozo“.

За производство на ова пиво се користат органски јачменов слад, ориз и хмељ со 5% алкохол. Одобрено е од белгиската „Certisys“ инспекција за сертифицирање на производи со висок квалитет. Досега, овој бренд освои двоен златен медал на интернационалниот фестивал во Израел во 2011 година.

Инаку, пивото може да се купи во единствената специјализирана продавница за пиво во Скопје – „Пивотека“. Покрај безглутенското пиво, во оваа продавница, секој љубител на доброто пиво може да го пронајде своето омилено пиво или она кое посакувал да го вкуси.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

Мажите бегаат од вегетаријански јадења

Едно истражување, објавено во „Journal of Consumer Research“, открива дека постои силна поврзаност помеѓу машкоста и консумирањето на месо. Имено...

Close