wordpress counter

„БИОкулт“ – прв центар за органска храна во Македонија

Скопје и Македонија конечно пред 2 недели го добија својот прв супермаркет за органска храна. На едно место може да се најдат преку 2.500 органски продукти од реномирани странски производители, како и од сите домашни производители.

Во него ќе може да се најде овошје и зеленчук, печурки, тревки, храна за бебиња, грицки, сосови, мешунки, јаткасти плодови, природни пијалаци, колачиња. Во продавницата има дури и органска козметика за лице и еколошки средства за лична хигиена.

Производите се со сертификат за 100% органско производство. Во нив нема адитиви, пестициди или вештачки ѓубрива. Малку се поскапи од конвенционалните производи, но како што се вели – здравјето нема цена. Супермаркетот е сместен во Градскиот Трговски Центар.

Related Posts with Thumbnails