wordpress counter

Блокиран вкусот за горчливо

Вкусот за горчливо, еволутивно се развил со цел да нѐ чува од отровните растенија и животински видови. Но, со оглед дека денес повеќе нема опасност од тој тип, научниците открија начин како да ги блокираат рецепторите за овој тип на вкус.

Молекуларниот биолог Џеј Слек, заедно со своите колеги од Givaudan Flavors Corporation, ја открија безвкусната состојка GIV3727 која делува како прецизен проектил – го блокира горчливиот вкус кој се активира од вештачките засладувачи сахарин и ацесулфам К.

Оваа состојка делува буквално на секој производ кој содржи некој од овие засладувачи, односно од гума за џвакање до јогурт. Освен тоа, ќе делува и на полесно голтање на лековите кои имаат горчлив вкус. Екипата научници продолжува со истражувањето, со цел да овозможи поширока употреба на ова откритие.

Related Posts with Thumbnails