wordpress counter

Боровинките го топат салото

Најновите истражувања покажуваат дека исхраната богата со боровинки влијае животните да го губат стомачното сало, а чувствуваат и други бенефити, како што се намален холестерол и ниво на глукоза.

Според професорот Мичел Сејмур, водач на истражувањата, позитивното влијание на боровинките се чувствува дури и ако се консумира многу масна храна. Силното антиоксидантно дејство може да делува на стабилизирање на нивото на шеќер и негово искористување со што се намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Резултатите покажуваат дека хемиските врски кои природно се дел од боровинките, како што е антоцијанинот, можат значајно да го поправат здравјето.  Слично делување е утврдено и кај црвениот портокал и кај јаболката.

Related Posts with Thumbnails