wordpress counter

„Бурек 3³“ на „World Wide Bakery“

„WWB“ (бренд во рамките на Мелница Кадино) ни го претстави својот старно-нов  производ. Станува збор за варијанта на бурек, позната како „Бурек 3³“. Пецивото е рачно изработено од повеќе кори. Но, во овој случај, нашето традиционално јадење се претвора во мошне вкусен производ за кетеринг.

„Бурек 3³“ претставува идеална комбинација од крцкави кори и сочен фил. Се приготвува лесно и едноставно. Се вметнува во алуминумска тава и се пече околу 30 минути. Потоа, добивате 60 неверојатно вкусни парчиња бурек, подготвени за сервирање.

Инаку, можете да уживате во точно 12 вкусови на „Бурек 3³“ и тоа вкус на јаболка, сирење, вишна, фета сирење, компир, печурки, месо, пилешки гради, пица, соја, фета и спанаќ и вкус на ванила. Ќе признаете дека во ова богатство на вкусови ќе се пронајде секој. Поради едноставната подготовка, може брзо да се сервира и да служи и како појадок, ручек, вечера, па дури и како десерт.

Оваа одлична идеја на „World Wide Bakery“ заслужува вистинска пофалба. Буквално, со нетрпение го очекуваме секој нов производ на „WWB“. А, вкусовите и изгледот гарантираат дека „Бурек 3³“ ќе стане незаменлив дел од секоја прослава, без оглед дали е домашна или на некое друго место.

Related Posts with Thumbnails