wordpress counter

Бургер Кинг под обвинение

Американскиот синџир ресторани за брза храна, Бургер Кинг, се најде под обвинение на една независна агенција за стандарди во рекламирањето, поради еден кадар кој се појавува во кампањата за Tendercrisp.

Агенцијата тврди дека телевизиската реклама за Cheesy bacon Tendercrisp може да ги доведе во заблуда купувачите во поглед на големината на сендвичот. Имено, агенцијата тврди дека ја споредила големината на вистинскиот сендвич и оној од рекламата и утврдила дека вториот воопшто не одговара на вистинската ситуација.

Оваа ситуација не е нешто што е непознато во адвертајзингот. Моќта на стилизирање на производите е сѐ поголема, а исклучок не е прехранбената индустрија. Поради тоа, потрошувачите често пати се чувствуваат измамено кога нема да ги добијат оние производи кои ги виделе на реклама.

Затоа, ве прашуваме: Дали сметате дека стилизирањето на храната и „разубавените“ реклами направиле да се чувствувате измамено?

Related Posts with Thumbnails