wordpress counter

„Бургер Кинг“ во Скопје

Од утре и официјално Скопје добива еден од светските брендови за брза храна. Станува збор за синџирот ресторани „Бургер Кинг“, основан од Џејмс Мекламор и Дејвид Едгертон во 1954 година. Првиот ресторан, од планираните 4, се отвoра на обновениот аеродром во Скопје, „Александар Велики“.

Инаку, рестораните ги отвoра турската компанија „ТАБ Фудс“ која поседува мастер франшиза за повеќе светски брендови како што се: „Burger King“, „Pizza Hut“, „Dunkin’ Donuts“ и „Popeye’s“. Компанијата поседува преку 500 ресторани во Турција, а сега се шири на Балканот и во Џорџија.

Ова е прв чекор кон воведување конкуренција помеѓу глобалните компании за брза храна и на нашиот пазар. Досега, во овие 13 години, работеше само „Мекдоналдс“, кој има неколку ресторани низ Македонија.

Related Posts with Thumbnails