wordpress counter

Во сабота, 6 март, започна една посебна и вкусна приказна која веруваме ќе ја раскажете на секој што многу ви значи. Во мала уличка во срцето на Скопје (дел од улицата Максим Горки, на потегот од Кингбургер кон Палета), во и околу совршено уредениот простор, почна да се шири мирисот на вистинското кафе по кое копнееме долго време.

Менито е богато и одговара на кафетерија од ваков тип. Покрај основните, можете да уживате во неколку навистина посебни кафиња, од кои некои се навистина вкусни и можат да заменат цел оброк. Ние ви предлагаме да го вкусите кафето „Caramelo™“, кое е заштитен знак на кафетеријата — деликатесен спој на одлично кафе, белгиско црно чоколадо, млеко, шлаг, кекс, чоколаден прелив и сируп и декорација од бонбончиња и вафел ролни.

Атмосферата е неверојатно пријатна, мирна и релаксирачка. Лесните ноти од земјите на кафе појасот, буквално ќе ве разиграат, додека нестрпливо го чекате вашето омилено кафе. Освен кафе, на менито има и чај и свежо цедени сокови. Покрај Lipton, ви препорачуваме да дегустирате и некои навистина необични вкусови на La Cha чаевите, како „Волшебна шума“, „Магичен месец“ или „Индијанско лето“.

Мирисот на кафе, цимет и јаболка може да ви помогне да се одлучите за некои од пијалаците кои се создадени од тимот на Caramelo™. На пример, кафето „Несчино“ или „Макакао®“ — вкусно какао од Мадагаскар со арома на цимет.

Сите новости и информации, како и фотографии и менито на кафетеријата, можете да ги следите на Facebook (facebook.caramelo.mk) и Twitter (twitter.caramelo.mk) профилите на Caramelo. А, наскоро и на официјалниот веб-сајт на кафетеријата — www.caramelo.mk.

Едноставно, Caramelo е место кое одговара на најразлични луѓе — од млади средношколци и студенти кои пијат кафе пред часовите и предавањата, преку бизнисмени кои се релаксираат во ретките моменти на одмор, па сѐ до возрасни господа кои со дневен весник и чаша кафе ги дознаваат новостите од светот. Но, колку и да се различни, овие луѓе имаат една заедничка особина — обожуваат вистинско, квалитетно и вкусно кафе. А, такво кафе има токму во Caramelo.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ