wordpress counter

Цените на храната на рекордно ниво

Цените на основните прехранбени продукти во текот на 2011 година достигнаа рекордно ниво, при што само житните култури поскапеа за повеќе од 35%, соопшти Организацијата за храна и земјоделство („ФАО“). Според статистиката на „ФАО“, минатата година цените на храната биле највисоки во последните 21 година, откако се мери индексот на цени.

Индексот на цени за житните култури (ориз, пченица и пченка), кои се основа на нашата исхрана, минатата година изнесувал 247 индексни поени, што е за 35% повеќе во споредба со 2010 година.

Глобално земено, цените на храната биле за 16% повисоки од лани, додека на млекото и млечните производи за 10%. Секако, ова покачување на цените не е пропратено со соодветно зголемување на личните доходи.

Експертите на „ФАО“ велат дека е мошне тешко да се предвидат трендовите на цените на храна за оваа година, пред сѐ поради неизвесноста околу глобалните економски текови, стабилноста на валутите и пазарот на енергенси. 

Related Posts with Thumbnails