wordpress counter

Центарот за органска храна „БиоКулт“ започнува со сопствено производство

Во Македонија постои голем потенцијал за производство на органска храна. Природната и еколошка средина, чистата вода и воздух во Македонија нудат огромен потенцијал за производство на органска храна. Имајќи ги предвид токму овие факти, како и трендот на раст на интересот за оваа храна, не само во Европа туку и кај нас, био центарот за органска храна „БиоКулт“, покрај со продажба, започнува и со сопствено производство на органска храна. За почеток тоа ќе бидат помали количини на земјоделски производи, но интересот кој постои охрабрува, изјави Иван Јовановски, директорот на „БиоКулт“.

Интересот за органската храна постојано се зголемува, а поборниците за здрава храна дури пресметале дека неорганската храна на годишно ниво содржи 5,6 килограми хемикалии, што претставува фрапантен податок. Органските производи содржат многу повеќе корисни и хранливи материи и богати се со витамини, минерали, антиоксиданти и други биолошки активни материи, во споредба со конвенционалните производи. При нивното производство, постои целосна биолошка контрола и исфрлање од употреба на тешките хемиски средства.

Во „ГТЦ Скопје“ на втори кат, над киното „Милениум“, повеќе месеци постои и продажниот центар за органска храна на „БиоКулт“, каде на површина од над 100 м2, сите оние кои преферираат органски производи, на едно место можат на најдат повеќе од 2.500 различни продукти од реномирани домашни и странски производители.  Во ова посебно место може да се најдат органски жита и мешунки, ладно цедени масла, тестенини и сосови, 100% природни сокови, чоколада, како и производи за домаќинство како детергенти, сапуни од еколошка база, многу бебешки производи и други различни продукти поврзани со органската храна. Био центар каде посетителите покрај можноста да купат здрави и природни производи, имаат можност да добијат совети за предностите на органските продукти.

Здравјето се внесува преку исхраната. Колку повеќе внимаваме на исхраната, толку повеќе покажуваме почит кон себе, а „БиоКулт“ центарот е тука за да ни помогне.

Related Posts with Thumbnails