wordpress counter

Честит 11-ти октомври!

Ако ги подредуваме најзначајните датуми во нашата историја, тогаш 11-ти октомври се наоѓа во самиот врв и е само потврда на желбата на македонскиот народ за сопствена држава. Потврда која трае и ден денес.

На овој ден, пред 58 години, Македонците решија дека нема да дозволат повеќе никој да им ја одземе слободата. Прилеп и Куманово како градови херои ни дадоа сила на сите и ни пратија порака дека со скрстени раце слобода не се заработува. Од тој момент започна да станува реална идејата за слободна Македонија.

Кога доаѓа овој ден треба да се потсетиме на плејадата македонски борци кои ни ја донесоа толку посакуваната слобода и држава. Борци кои ни овозможија нам денес да живееме слободно. А, слободата е нешто од кое ниту еден човек не сака да се откаже. Оттука и големината на овој ден.

Нека ни е честит денот на востанието!

Related Posts with Thumbnails