wordpress counter

Честит 24-ти мај!

Денес е посебен ден за секој Македонец. Денес се слави денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Браќата се родени во Солун. Постариот, Методиј, 10 години бил офицер, а потоа се замонашил на Олимп, каде му се придружил и неговиот брат Кирил.

Нивното огромно значење се гледа во описменувањето на словенското население. Како учени луѓе добивале големи и значајни задачи од тогашниот византиски двор. Ќе ги споменеме мисијата кај Сарацените, Хазарската и Моравската мисија чија цел била да се христијанизираат и описменат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија.

На повик од папата биле во Рим, каде Кирил починал и таму се наоѓа неговиот гроб. Методиј се враќа назад и сѐ до својата смрт работи на утврдување на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт, неговите ученици на чело со Свети Климент Охридски доаѓаат на југот на Македонија каде што ја продолжуваат нивната мисија.

Нека им е вечна слава, а на сите што ги носат нивните имиња – им го честитаме Именденот.

Related Posts with Thumbnails