wordpress counter

„Chill Can“ – лименка која сама се лади

По 10 години развој и истражување кое ги започнал професорот по хемија и екологија, Роланд Клифт ја основал компaнијата „Chill Can“. Оваа компанија е резултат на комерцијализацијата на иновацијата наречена лимеnка која се лади самата.

На почетокот на оваа година компанијата склучила партнерство со производителот на енергетски пијалаци „West Coast Chill“ и по серија презентации, нивниот производ веќе беше подготвен за излегување на светските пазари.

Токму пред неколку недели започна да се продава газираниот пијалак „West Coast Chill“ кој е посебен по тоа што на долниот дел од лименката во која е пакуван се наоѓа копче кое ако го притиснеме, започнува еден хемиски процес кој резултира со ладење на пијалакот. Важно е да се напомене дека во лименката делот за ладење е одвоен од пијалакот и затоа е сигурен за пиење.

Погледнете го овој производ:

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=W-ddz6lKEts&feature=player_embedded[/youtube]

Related Posts with Thumbnails