wordpress counter

Чоколадна криза

Досега знаевме за нафтена, енергетска и економска криза. Но, стручњаците велат дека треба да се подготвуваме и за нова, непозната за нас криза. Станува збор за чоколадната криза. Причината лежи во нестабилната политичка состојба во Брегот на слоновата коска, каде се произведува дури 40% од вкупното светско производство на какао.

Моменталната состојба веќе влијае на производителите на чоколадо. Цената на какаото е највисока во последните 30 години. Залихите рапидно се трошат, а производството опаѓа поради тоа што фармерите бегаат од несигурните рурални подрачја.

Според експертите, дури и политичката состојба да се смири, ќе бидат потребни близу три години за да се врати првобитната состојба. Инаку, сегашната состојба може да стане и полоша, доколку дојде до судир помеѓу производителите на чоколадо околу залихите на какао.

Нам ни преостанува или да си купиме залихи на чоколадо или да се навикнеме дека некое време ќе јадеме помалку чоколадо. Како и да е, доаѓаат тешки денови за „чокохоличарите“.

Related Posts with Thumbnails