wordpress counter

Чоколенд

ALPROSE ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДОНа прекрасните падини на швајцарските Алпи, во малото местенце Каслано, близу Лугано се наоѓа музејот Alprose, посветен исклучиво на чоколадото. Во него е претставен светот на овој сладок производ, почнувајќи од неговото појавување, преку првите фабрики, па сѐ до неговите современи варијации. Во себе ја носи магијата на швајцарската традиција на правење чоколадо која е позната насекаде.

Производителот Alprose, кој е и сопственик на музејот, ќе ве прошета по музејот и ќе ви подари неповторлива можност да вкусите од нивниот богат асортиман на производи. И тоа, нема да ве почестат само со најевтините чоколади како што мислиме сите, туку ќе можете да пробате и од нивните најскапи деликатеси.

Со оглед на тоа дека влезницата е само 2 евра, би било штета да не го посетите ако сте во негова близина. Тоа ќе биде вкусна прошетка која може да си ја подарите себеси или на своите деца.

Related Posts with Thumbnails