wordpress counter

„Coca Cola“ ја поздрави Македонија

Неколку часа пред натпреварот Македонија – Литванија, на официјалната Фејсбук страницата на „Coca Cola“, која има преку 34 милиони фанови од целиот свет, осамна статус на македонски јазик со следната содржина:

„Здраво Македонијо! Жедни ли сме за нова победа?“

Секако, тоа не остана не забележано од страна на нашите фејсбуковци кои не пропуштија прилика да го лајкнат или да искоментираат на статусот, кој веројатно првпат е посветен на Македонија.

Она што ние како редакција на Гурман֭™ го забележавме на улиците на главниот град е дека македонците беа навистина жедни за нова победа. А повеќето од нив, жедта ја изгасија токму со „Coca Cola“.

Затоа, сите ние изразуваме едно огромно благодарам до „Coca Cola“ која не ги заборави своите македонски консументи, кои веруваме дека се едни од најпосветените љубители на овој пијалак во светот.

Related Posts with Thumbnails