wordpress counter

Д-р Делишс

ДЕЈВ АРНОЛД - Д-р Делишс

Кога најдобрите готвачи на светот сакаат нешто што им пркоси на законите на физиката, тогаш одат на гости кај Дејв Арнолд – гуруто на high-tech готвењето. Едноставно, човекот е неуморен изумител и љубител на необични експерименти кои го направија еден од првите food хакери на светот.

Како што напредува науката за готвењето и станува се пософистицирана, старата опрема и трикови веќе не проаѓаат. Гостите во рестораните и баровите имаат сѐ по истенчен вкус и точно знаат што сакаат да пробаат и каква услуга да добијат. Во таков случај, авангардата на рестораните му се обраќа на Арнолд.

Еве еден од неговите успешни експерименти:

Водката ја меша со коцки лед направени од бистар сок од јаболка и го гарнира пијалакот со краставица во која има инјектирано зелен лимон. Потоа, полни изолирана кофа со течен азот, ги замолува гостите да стават заштитни маски, ја потопува чашата до самиот врв во течниот азот и кога ќе ја извади, чашата чади од што е ладно. Тоа е начинот како овој виртуоз ги лади чашите за коктел.

Меѓу другото, во списокот на неговите креации се наоѓаат и: газирана лубеница, желатин во форма на сфера со течна средина кој пука во вашата уста, ракчиња направени како фиде резанки или пак ванила зрнца печени со ласер.

Молекуларната гастрономија, отсега па натаму, ќе го мери времето пред и по Дејв Арнолд. Во некоја наредна прилика ќе ве информираме за тоа како поминал неговиот најнов експеримент – микробранова печка, голема колку соба, во која ќе се обиде да смести маса и столици и секако јадењето што треба да се приготви.

Related Posts with Thumbnails