wordpress counter

Даниел Крег лижавче

ДАНИЕЛ КРЕГ ЛИЖАВЧЕФановите на агентот 007 или подобро кажано фановите од женскиот пол, ова лето ќе може да се насладуваат со леденото лижавче кое е во форма на неговото тело и тоа облечен само во гаќички за капење.

Компанијата Del Monte Foods направила истражување на своите потрошувачи за тоа кој славен лик од машки пол сакаат да го вкусат. Најголем дел од нив одговориле дека би сакале тоа да биде Даниел Крег и нормално, компанијата им ја исполнила желбата.

Дизајнерите на компанијата работеле неуморно за да ја направат скулптурата на 41 годишниот артист за да изгледа исто како во сцената кога излегува од морето во филмот Казино Ројал.

Инаку, сладоледот веќе почна да се продава во Британија и тоа со вкус на боровинка, брусница и калинка и има енергетска вредност под 100 калории.

На овој начин се зголемува бројот на дозволи што ги има Kрег. Покрај „license to kill”, сега поседува и „license to chill”.

Related Posts with Thumbnails