wordpress counter

Дезодоранс кој може да се јаде

Американска компанија, преку здружено вложување со една бугарска фабрика за слатки, произведе бонбони кои делуваат како дезодоранс. Имено, тие испуштаат пријатен мирис при нивната консумација.

Поточно, откако ќе консумирате од овие бонбони, во наредните 6 часа, преку порите на вашето тело, се испуштаат слатки и цветни мириси. На тој начин, овие бонбони во исто време делуваат и како дезодоранс.

Бонбоните содржат гераниол – антиоксиданс кој е заслужен за мирисот на розите. Бонбоните веќе се продаваат во САД, Германија, Шпанија, Кина и Кореја, а цената на едно пакување е околу 450 денари.

Related Posts with Thumbnails