wordpress counter

Добила 57 килограми додека спиела!

ДОБИЛА 57 КИЛОГРАМИ ДОДЕКА СПИЕЛАПредизвикувачот на оваа неочекувана состојба е посебно пореметување на сонот (SRED) – состојба која ја тера американката Ен Рајан да јаде додека спие. За време на долгите ноќни месечарења се здебелила за цели 57 килограми и при тоа не одбирала што јаде. Сѐ што имало во фрижидерот било жртва на нејзиното јадење во ситните часови.

Во прво време, нејзиниот матичен лекар сметал дека не е ништо озбилно, иако Ен се жалела дека секое утро станува истоштена и со мачнина, веројатно од прејадувањето за кое не била свесна.

Дијагнозата SRED е поставена пред две години. Тогаш, во нејзината кујна се поставени камери кои ги снимале нејзините ноќни активности. Се покажало дека Ен ја посетува кујната и до 8 пати во текот на една ноќ и внесувала повеќе од 2.000 калории.

Се смета дека многу луѓе во светот го имаат овој синдром. Сметаме дека наместо да плаќаат скапи третмани по лекари, можат слободно да го заклучуваат фрижидерот навечер и да се разбудат наутро спремни за појадок.

Related Posts with Thumbnails