wordpress counter

Дојран – центар на македонското маслиново масло

Поволните климатски услови и фирмата „КМ компани“ решија од Дојран да направат центар на македонското маслиново масло. Станува збор за инвестиција вредна околу 850.000 евра, од кои 50% се наменети за набавка на нова опрема за производна обработка на маслинките.

„КМ компани“ планира да насади 12.900 садници од нов вид маслинки наменети за производство на маслиново масло. Сопственикот Киро Киров вели дека новата сорта „марсела“ ја создале заедно стручните соработници од земјоделските факултети во Грција и Македонија и е наменета исклучиво за производство на маслиново масло.

Според плановите на господин Киров, ова би можело да прерасне во локално партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор, кој би довел до создавање на кооперанстски односи со индивидуални одгледувачи и годишна обработка на 600 тони малсиново масло.

Редакцијата на Гурман™ со воодушевување ја проследува оваа информација до вас и со нетрпени очекуваме да го вкусиме ова македонско маслиново масло, за кое искрено веруваме дека ќе биде производ со кој ќе се гордееме.

Related Posts with Thumbnails