wordpress counter

Dom Pérignon со 5 цифри

Едно шише од врвниот Dom Pérignon, во еден лондонски хотел е продадено за, ни помалку ни повеќе, туку вртоглави 40.000 евра.

Според пишувањето на Daily Telegraph, Rosé Gold (кое се смета за едно од најдобрите во 20-от век, со годишно производство од само 35 шишиња) од 1996 година, е најскапо продаденото шише шампањ на место кое не е аукциска куќа.

Менаџерот на барот и покрај молбите на бројни новинарски куќи, не сакаше да го открие идентитетот на гостинот кој го одврзал своето ќесе.

Иако, ако го земе предвид бакшишот од околу 15.000 евра за целата сметка, не ни паѓа напамет ништо друго туку имињата на неколку руски милијардери чија омилена дестинација е токму Лондон.

Related Posts with Thumbnails