wordpress counter

Домат кој не тече

ДОМАТ КОЈ НЕ ТЕЧЕЕве една пријатна новост за сите љубители на пикникот, на домашните сендвичи приготвени за на работа и на училиште, како и на сите што сакаат да го каснат доматот како јаболко. Во Велика Британија започна продажба на новиот домат кој не тече. Овој домат за првпат е посаден во Холандија и е дел од една навистина долга програма која трае од 1986 година.

Познавачите на индустријата на храна сметаат дека овој домат ќе донесе револуционерна промена во подготовката на сендвичи, како што своевремено тоа го направи лебот исечен на парчиња.

Според тестовите кои се направени, стандардниот домат при сечење на парченца губи 8% од својата тежина, а околу 3% од неговиот сос се слева во лебот од кој е направен сендвичот. Новиот домат има многу подобри „перформанси“ со оглед на фактот дека само 1% од неговата тежина се губи кога ќе се пресече на парчиња.

За сите нас кои го обожуваме доматот, ова е одлична вест. Конечно, кога ќе го каснеме или пресечеме доматот нема да направиме хаос по кујната.

Related Posts with Thumbnails