wordpress counter

„Дукат“ ја презеде „Љубљанска млекарница“

Најголемиот хрватски производител на млеко и млечни производи, „Дукат“, го презеде управувачкиот пакет акции во „Љубљанска млекарница“ која е водечки производител во Словенија.

Споственикот на „Дукат“, француската компанија „Лакталис“, објави дека поседуваат 50,4% удел во словенечката фирма. Преземањето беше најавено уште минатата година, а сега се реализира, откако е утврдено дека нема законски пречки.

„Љубљанска млекарница“ произведува млеко, павлака, јогурт, сирење и сладолед, а поседува производни погони во Љубљана, Марибор, Кочевје и Тузла во Босна и Херцеговина.

Related Posts with Thumbnails
Коментирај

This blog is kept spam free by WP-SpamFree.

MILK

©2009-2017. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Мириси кои го отстрануваат уморот

Често се случува да се чувствуваме уморни, безволни и да немаме енергија за секојдневните обврски. Дел од решението за овие...

Close