wordpress counter

Две години со Гурман™

Дено­виве, Гур­ман™ напо­лни две години. Цели 735 денови на секојд­невно ужи­вање во хра­ната и реце­птите, грижа за здра­вјето, совети, пија­лаци и нови инте­ре­сни вести од вку­сниот свет, на кој сите ние поед­на­кво се препуштаме.

Во овие две години, започ­навме и завр­шивме многу сери­јали. Ќе започ­неме и нови теми и нови сери­јали за кои веру­ваме дека ќе ви се допад­нат. Сѐ со една цел — вие, нашите редовни чита­тели и новите кои ќе дој­дат, да бидете задоволни.

Ќе отво­ривме и пра­шања кои нема да им се допад­нат на сите, но за кои сме­таме дека треба многу да се збо­рува. На кра­јот од кра­и­штата, овој пор­тал е наме­нет не само да инфор­мира и да еду­цира, туку и да се обиде да ги поправи рабо­тите кои не чинат. За тоа, ќе ни биде потребна и вашата помош.

За нашиот втор роден­ден, решивме да ви пода­риме една нави­стина шарена, вку­сна и при­ка­зна полна со бројки. При­ка­зна која се вика Гур­ман™ ИНФОГРАФИКА. Ужи­вајте во сите овие бројки за почит, што заедно ги постигнавме.

И да не забо­ра­виме за крај — след­ниот роден­ден сакаме да го про­сла­виме заедно. И сакаме да бидете што е можно повеќе.

Клик­нете на сли­ката за пого­лема верзија.


Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ