wordpress counter

Џејми и идол против дебелината

ЏЕЈМИ ОЛИВЕРТв куќата ABC има нов проект, кој веројатно е прв од ваков тип во светот. Славниот британски готвач Џејми Оливер и домаќинот на американскиот Идол Рајан Сикрест подготвуваат серија од 6 епизоди чие име сѐ уште не е познато, а се очекува да оди во етер на почетокот на следната година.

Идејата е во тие шест епизоди да се посетат 6 градови во САД чии жители статистички имаат најнарушено здравје и имаат најголема телесна тежина. Снимањето ќе започне во август, на сѐ уште непозната локација.

Овој оригинален концепт очигледно е инспириран од концептот на Џејми кој го спроведува во Британија, за исфрлање на нездравата храна од училиштата. Во остварувањето на оваa програма ќе учествуваат и официјалните лица на градовите и на локалните училишта, за да се понудат поздрави опции во исхраната на населението.

Related Posts with Thumbnails