wordpress counter

Џенифер Анистон ги мрази грчките јадења

AnistonКако и сите други и славните личности имаат потреба нешто да каснат во текот на денот. Тоа што се славни не значи по default дека јадат некои чудни и за нас недостапни јадења.

Џенифер Анистон, на пример, ја обожува мексиканската храна и тортиља чипсот. Оваа нејзина обземеност со Мексико се рефлектира и во изборот на омилена чашка пијалок – маргарита. Она што е интересно е дека и покрај тоа што е гркинка, таа воопшто не ја сака грчката кујна.

Џорџ Клуни најчесто јаде чаја стек, а сака да се напие и пиво. Обожува Гинис, иако сними неколку реклами за Бадвајзер. Јавна тајна е дека при снимањето на филмовите во неговата соба секогаш има буренце со пиво.

Познато е дека Том Круз ужива во италијанските јадења и често знае да долета кај својот омилен италијански готвач кога има некој специјален повод.

За Гвен Стефани најбитно е да има суши и тестенини, а за Бритни Спирс – сладолед и хот дог (чудна некоја комбинација).

Анџелина Џоли и натаму ужива во своите посети на Мекдоналдс, а уште една причина за машките да плачат по неа (ако воопшто им требаше), е тоа што омилениот пијалок на Џоли е текила.

Related Posts with Thumbnails