wordpress counter

Џон Бон Џови отвора хуманитарен ресторан

Бон Џови, покрај музиката, подолго време е познат на светската јавноста и по бројните хуманитарни активности. Последната негова идеја е отворањето на ресторанот „Soul Kitchen“, во кој посетителите ќе ги плаќаат оброците во согласност со нивните финансиски можности.

Ресторанот ќе работи во рамки на неговата хуманитарна организација „Soul Foundation“. Отворањето на овој уникатен ресторан се планира за оваа пролет. На менито ќе се најдат свежи, локално одгледани продукти, за кои ќе биде препорачано да се платат 10 долари. Сепак, конечната одлука за плаќањето ќе ја донесат самите гости.

Филозофијата на Бон Џови е дека гостите кои се подобро финансиски обезбедени ќе одвојат повеќе средства отколку што е потребно за нивниот оброк и на тој начин ќе ги покријат трошоците на оние кои не можат тоа да си го дозволат. Постои можност, за оние кои немаат воопшто пари, да волонтираат во ресторанот и така да си го одработат својот оброк.

Related Posts with Thumbnails