wordpress counter

Ексцентрични фестивали на храна

ИВРЕАИВРЕА ФЕСТИВАЛ НА ПОРТОКАЛИ
Секоја година во Ивреа, Италија се одржува фестивалот на портокали на кој се оживуваат воени битки од минатото. Девет тимови, составени од преку 3000 фрлачи на портокали се борат помеѓу себе. Додека трае битката, учесниците јадат бесплатна зрнеста храна за да имаат енергија да го издржат напорот. Иако не е толку опасен како фестивалот во Памплона, сепак ако се погоди многу ладно време, портокалите може да бидат замрзнати и прилично тврди за нечија глава. Следниот фестивал е планиран за февруари 2010 година.

ФЕСТИВАЛ НА ТРКАЛАЊЕ КАШКАВАЛ
Се одржува секој мај во Глочестершир, Англија. Се пуштаат пити кашкавал по падините на високо и стрмно брдо, а учесниците го бркаат кашкавалот. Трчате како откачени по питите, се спрепнувате на некој камен, се тркалате едно 50-тина метри и на крајот завршувате во некој паб или во локалната болница. Ако се најдете таму, внимавајте! Голем дел од учесниците имаат напукнати или скршени коски.

LA TOMATINAФЕСТИВАЛ LA TOMATINA
На 26-ти август во Буњол, Шпанија, преку 20 000 учесници со раце полни домати ќе учествуваат во една од најлудите битки на светот. Се смета дека почетоците на овој фестивал датираат од 1945 година, заедно со анти-Франко протестите кои се одржувале во тоа време. Денеска, Франко повеќе го нема, но „доматувањето” трае и натаму. Реки смачкани домати и свеж кечап се сливаат по телата и лицата на учесниците. Инаку, учесниците имаат и dress code: стара маичка со кратки ракави, стари шорцеви и заштитни очила. Битката може да почне!

Related Posts with Thumbnails