wordpress counter

Еден од најпознатите британски готвачи и тв водители, Џејми Оливер, ја доби престижната Еми награда за своето тв шоу „Jamie Oliver’s Food Revolution”. Ова шоу, кое го отвoра проблемот на детската прекумерна тежина, се смета за најдобро реално шоу за минатата година.

Food Revolution е емисија во шест дела, во која Оливер се обидува да ги промени навиките на јадење во Хантингтон, Вирџинија – градот во кој се смета дека живеат најмногу дебели американци.

Наградата го затекна Џејми, кој сѐ уште не може да поверува дека ја добил наградата. Во исто време, се заблагодари на преку 650.000 луѓе кои гласаа за петицијата за поздрави училишни оброци.


Related Posts with Thumbnails
Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ