wordpress counter

Европска кулинарска уметност

DCT University Center во Луцерн, Швајцарија организира тримесечни курсеви со кои ќе се запознаете со сите вештини и техники на современото готвење. Првиот курс почнува на 1 октомври и понатму се организираат секои три месеци.

Програмата опфаќа неколку модули и тоа: модул за запознавање со европските методи на готвење, опремата, како и процедурите за кујна и рецепти. При тоа ќе научите и подготовка на основни супи, сосови, колачи и пецива. Модул за европска гурманска кујна, каде ќе ги изучувате европските национални и регионални кујни и рецепти за предјадења, вегетаријански и оброци како главно јадење.

Третиот модул ќе ви помогне да ги изучите европските продукти и начинот на кој се комбинираат.  Дел од оваа програма е и изучувањето на најновите трендови во готвењето, како и молекуларна гастрономија. Четвртиот модул е посветен на десерти и колачи. А, каде најдобро ќе научите за десерти ако не во Швајцарија.

За повеќе информации погледнете на http://dct.edu/culinary.html

Related Posts with Thumbnails