wordpress counter

Европските закони против Нутела

Од Италија ни доаѓа веста дека новите построги закони на ЕУ сериозно ја загрозуваат продажбата на Нутела. Имено, Европскиот парламент веќе ги одобри нацрт законите кои имаат за цел да ја намалат дебелината кај европската популација. Новите закони драстично ќе го ограничат рекламирањето на храна која содржи сол, шеќери или масти над дозволеното ниво.

Освен тоа, количеството на тие состојки и нивната енергетска вредност мора да бидат наведени на декларацијата на производот.

Италијанскиот Фереро прв негодуваше против овие закони, бидејќи смета дека овие закони ќе влијаат негативно на продажбата на Нутела и другите слатки производи. Голем противник е и италијанскиот министер за земјоделство и храна, Џанкарло Галан, кој побарал ублажување на одредбите од законите.

Како и да е, за спроведување ќе треба да се почека барем до 2012 година, до кога се очекува надлежните институции од секоја земја членка да ги одобрат законите.

Related Posts with Thumbnails