- Гурман™ - http://gurman.mk -

Facebook во нашите кујни

Ако сте посветен корисник и следбеник на овој социолошки феномен, тогаш сигурно не ви избегал фактот дека на Facebook има стотици групи кои се однесуваат на храната. Членовите и фановите на овие групи дискутираат за храната, вкусовите и апетитот, за телесната тежина, се разменуваат рецепти, се постираат фотографии на храна и патувања, а некои се и порадикални и се обидуваат да го сменат целиот начин на исхрана.

Доколку сте љубители на храната (а сигурно сте, штом сте на овој портал), веројатно дека ќе посакате да се зачлените во некоја од следниве гастрономски групи:

Marks & Spencer’s food is the best food in the world [1]
Доколку Марк & Спенсер било кога имале потреба да ја утврдат својата популарност, тогаш оваа група е токму за тоа. Ќе прочитате бројни пофалби од членовите и муабети за луксузни готови јадења, како и за нивните реклами.

Sexy girls eat food (global) [2]
Оваа група е шамар за светските модни куќи и нивните стандарди. Пораката е дека девојките и жените може да јадат и да имаат малку стомаче и тоа да го направат на убав и инспиративен начин. Ќе најдете и совети до Линдзи Лохан, Хилари Даф и Рене Зелвегер да јадат повеќе, или пофалба за линијата на Салма Хајек, Скарлет Јохансон и Кејт Винслет.

Petition to get Jamie Oliver knighted [3]
Помеѓу повеќето групи на Facebook кои се посветени на Џејми Оливер, еве и една која побарува овој млад дечко, кој донесе револуција во британската храна и кујна, да ја добие титулата Сер, која ја дава лично британската кралица. Ние гласаме за!

Sendvicara 7ca [4]
А, еве група и од нашето поднебје. На сите нас добро познатата сендвичара во Скопје. Групата веќе има над 1500 членови и нивниот број постојано расте. Ќе се изначитате едно чудо пофалби, а меѓу членовите ќе најдете и многу познати лица.