wordpress counter

Фаст Фуд диета

ФАСТ ФУД ДИЕТАСпоред француските медиуми, голем број на ресторани за брза храна започнаа во своето мени да додаваат и ниско-калорични оброци. Станува збор за еден вид на протест поради тоа што постојано се обвинувани дека ја предизвикуваат дебелината кај младата популација.

Американскиот McDonald’s го лансираше таканаречениот „So Grilled“, кој има енергетска вредност помала од салата. Белгиско-францускиот ланец Quick se, се бори против маснотијата со двојно намалување на количината на колбасите, што според нив не го променило вкусот, иако ние се сомневаме дека вкусот останал ист. Американскиот Subway се фали со сендвич кој има помалку од 350 калории.

Други мерки што се преземаат е да не се додава сол за време на пржење на помфритот, а некои од ланците за брза храна најпрвин ви нудат овошје и салата, па дури потоа оброк.

Стручњаците сметаат дека овие чекори треба да се поздрават, иако може да се случи поради малата енергетска вредност на некој сендвич, гостите да се одлучат да земат и некој десерт со што ќе се загуби неговото позитивно дејство врз организмот.

Related Posts with Thumbnails