wordpress counter

Феијоа – мешавина од ананас, банана и јагода

Феијоа е овошје кое воопшто не е познато кај нас. Станува збор за чиста егзотика, која има необичен ароматичен и сладок вкус кој е комбинација од ананас, банана и јагода. Плодот има тежина од 25-100 грама и содржи мали семки кои се јадат.

Плодот е богат со витамин Ц и јод, кој ја врамнотежува работата на штитната жлезда. Се консумира сирово и притоа се расекува по должина и внатрешноста се јаде со помош на лажица.

Иако е суптропски плод, ова овошје добро ги поднесува зимските температури. Има убави бело-виолетови цветови и честопати се сади во градините со декоративна намена.

Останува македонските увозници и земјоделци да се сетат на овој плод и да ни овозможат да уживаме во него.

Related Posts with Thumbnails