wordpress counter

Фестивал на лимоните

Фести­ва­лот на лимо­ните се одр­жува секоја година кон кра­јот на февру­ари во Фран­ција. Малото, пито­рескно местенце Мен­тон, кое се наоѓа на самата француско-италијанска гра­ница, е дома­ќин на овој нео­би­чен фести­вал. Сме­стено помеѓу Азур­ниот брег и Алпите, Мен­тон има извон­редна микро клима за одгле­ду­вање на лимони, ман­да­рини и портокали.

Фести­ва­лот трае речиси три недели и освен пре­кра­сните ску­лптури од јужно овошје, про­гра­мата е испо­лнета со паради, огно­мети, изло­жби и све­тлечки гра­дини, кои оста­ваат без здив во тив­ките ноќни часови. Ремек делата се во жолта и пор­то­ка­лова боја, а кре­а­тив­но­ста е без­гра­нична — од животни, преку ликови од бајки и при­ка­зни, па сѐ до цели куќи.

Вле­зни­цата за опре­де­лен тип про­грама е окулу 500 денари и веру­вајте дека вреди секој денар потро­шен за тоа. Освен тоа, може да купите без­број про­и­зводи од лока­лно про­и­звод­ство, под­го­твени од овие три овошја.

Related Posts with Thumbnails

Коментирај

Коментирај

колектив™

©2009-2012. Сите права се задржани.  |  „Гурман“ е регистрирана трговска марка.

Материјалите и содржините објавени на порталот се во интелектуална сопственост на издавачот и смеат да се користат само за лични, некомерцијални потреби.
Забрането е копирање, преземање, менување, адаптација или било какво друго користење на содржините без претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.

Останато во ВЕСТИ